ЛШ ПОЛУВРЕМЕ: Филкруг донесе водство за Борусија (Д) (ВИДЕО)

1.05.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЛШ ПОЛУВРЕМЕ: Филкруг донесе водство за Борусија (Д) (ВИДЕО)

Борусија (Д) има предност од 1:0 по првото полувреме на првиот полуфинален меч во Лигата на шампионите против екипата на ПСЖ. Момците на Един Терзиќ можеа полувремето да го завршат и со поубедлива предност, но една 100% шанса во завршницата на првото полувреме, Сабицер не успеа да ја претвори во гол.

Моментот за внимание во ов апрво полувреме се случи во 36. минута кога Шлотербек испрати една одлична топка до Никлас Филкруг, кој успеа да избегне офсајд позиција и да упати удар кон голот на Донарума за водство на „жолто-црните“.

ПСЖ имаше привидна доминација, но без конкретна цел во нападот.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата