ЛШ -1/4 финале: Реал VS Баерн…дуел на ТИТАНИТЕ, Арсенал на гости во Лисабон! (ФОТО)

7.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЛШ -1/4 финале: Реал VS Баерн…дуел на ТИТАНИТЕ, Арсенал на гости во Лисабон! (ФОТО)
ФОТО: UEFA.COM/X

Вечерва од 21 часот се играат првите четврфинални мечеви во Лигата на Шампионите. Секако дека дербито се игра на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид каде Реал Мадрид го пречекува Баерн Минхен. Јасно е дека ова е дуел на ТИТАНИТЕ, на ГИГАНТИТЕ во фудбалскиот свет. Овие екипи досега одиграле најмногу мечеви еден против друг во ЛШ или по старо во Купот на Шампионите, ова за нив ќе биде дури 29. дуел. Досега “кралевите“ имаат нешто подобар биланс со 13 победи, 11 порази и само четири ремија со гол разлика 45:42. Интересно, Реал вечерва влегува со серија од девет меча без пораз од “баварците“, а последните четири елиминациски двомечи ги има добиено.

Тоа е Реал Мадрид, најголемиот клуб во светот. Од друга страна тоа е Баерн Минхен кој изненадувачки ама во овој двомеч влегува како фаворит на хартија и тоа првенствено поради формата што ја прикажува сезона без разлика во кое натпреварување.

Тоа ќе биде и тактичко надмудрување меѓу стратезите Алваро Арбелоа и Винсент Компани. Баерн е во предност со оглед на тоа дека реваншот се игра на „Алијанц Арената“ следната среда во Минхен, а германскиот шампион ќе може да смета и на Хари Кејн.

Во Лисабон од 21 часот се среќаваат Спортинг и Арсенал. Секоја чест и за двата тима, но овој меч е во длабока сенка на тоа што ќе се случува во Мадрид. Арсенал можеби е во предност, лидер е во Премиерлигата, но евидентно е дека во последните два месеци тимот на Микел Артета ја нема таа потребна шампионска форма.

Спортинг има шанси на овој двомеч, посебно ако одигра како на реваншот против Бодо/Глимт кога го елиминира чудото од Норвешка.

Во секој случај и овој меч ќе понуди свој спектакл.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата