“Реал Мадрид е најомразениот клуб во Европа, нивното однесување е одвратно“!

7.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
“Реал Мадрид е најомразениот клуб во Европа, нивното однесување е одвратно“!
ФОТО:facebook.com/RealMadrid

Јасно е дека кога играат титаните Реал Мадрид и Баерн Минхен, има и тоа како “закачки“. Се изјавува се и сешто, но се чини дека некогашниот дефанзивец на “баварците“ и репрезентацијата на Германија, Маркус Бабел отиде предалеку.

Тој јавно кажа дека воопшто не може да го смисли “кралскиот“ клуб:

Реал Мадрид е најомразениот клуб во Европа и би било одлично ако Баерн оди натаму“. Поранешниот фудбалер го објасни својот став подетално.

Нивното однесување во последните години ми беше целосно неспортски и нема никаква врска со фер-плеј. Имам чувство дека мислат дека се над сите и дека се сметаат себеси за подобри од сите други. Тоа навистина ме лути и затоа ги мразам“, рече тој.

Тој се осврна и на инцидентот кога Реал Мадрид ја бојкотираше церемонијата за доделување на Златната топка затоа што Винисиус Жуниор не ја освои наградата.
„Ако еден од нашите играчи не ја освои Златната топка, ние како тим нема да ја бојкотираме церемонијата поради тоа“, рече Бабел, додавајќи:

Мислам дека тоа однесување е непочитување кон сите и затоа клубот изгуби многу симпатии. Едноставно кажано, нивното однесување го сметам за целосно одвратно“.

Бабел се осврна и на бразилската ѕвезда Винисиус Жуниор.

Воопшто не ми се допаѓа кога го гледам како паѓа и се превртува 14 пати со секој контакт“, коментираше тој за својот стил на игра.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата