Оваа сезона е завршена за Барселона. Гигантот од Каталонија нема по добро да ја памети, но сепак раководството на клубот на чело со Хоан Лапорта направи се само за да тренерот Чави Ернандез остане во Барселона.
Тоа беше денеска објавено и официјално на прес конеференција, а самиот Лапорта беше премногу емотивен, па дури во еден момент и се расплака:
“Уште еднаш ми е потврдено она што го знаев и порано. А тоа е дека за тренер имаме неверојатна личност, чувство кој секој член на Барселона го има и треба да го има. Зрачи со ентузијазам, самодоверба, тоа е Чави. Навивачите на Барса треба да бидат горди со тренерот кој го имаат“ рече покрај другото емотивниот Лапорта.
La emoción de Laporta al anunciar la continuidad de Xavi en el FC Barcelonapic.twitter.com/Ep8hmftiFj
— Pablo Giralt (@giraltpablo) April 25, 2024