Куп на Србија: Ц. Звезда го “скрши“ Партизан и си закажа финале со Војводина!

24.04.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Куп на Србија: Ц. Звезда го “скрши“ Партизан и си закажа финале со Војводина!

Во големото српско дерби, во полуфиналето во Купот на Србија, вечерва на “Маракана“ во Белград, домашниот состав на Ц. Звезда успеа со 2:0 да слави над Партизан и со тоа да се пласира во големото финале.

А таму некогашниот европски првак ќе го чека тимот на Војводина, која пак попладнево успеа како гостин да го победи Раднички Крагуевац со 0:1.

Црвено – белите“ вечерва во вечното дерби беа подобар противник, ако искористија барем дел од шансите, секако дека Партизан ќе доживееше дебакл, но голманот Јовановиќ правеше чуда на својот гол.

Инаку головите беа дело на Олајника, кој во 27. и 29.минута успеа во два наврати да ја затресе мрежата на лутиот ривал и со тоа на својот тим да му донесе голема победа.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата