“Карамелите“ го шокираа Ливерпул, Јунајтед губеше со 1:2 па на крај победи со 4:2! (ВИДЕО)

24.04.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
“Карамелите“ го шокираа Ливерпул, Јунајтед губеше со 1:2 па на крај победи со 4:2! (ВИДЕО)

И оваа сезона се чини дека Ливерпул нема да ја освои титулата во Премиерлигата, во последната сезона на Јирген Клоп како стратег на “Редси“. Вечерва на “Гудисон“ домашниот Евертон во градското дерби успеа да слави 2:0 и со тоа да ги уништи шансите на својот сосед во битката за тронот.

Имено сега Ливерпул има 74 бодови, три помалку од Арсенал, еден повеќе од Манчестер Сити но и два меча повеќе од тимот на Пеп Гвардиола.

Инаку вечерва стрелци на головите за “карамелите“ беа Брантвајт во 27.минута и Калверт-Лувин во 58.минута за еуфорија кај домашните фанови.

Ова беше прва победа на Евертон после 14 години против Ливерпул во Премиерлигата.

Кога станува збор за Манчестер Јунајтед како да не може без драма. Славеа со 4:2 против Шефилд на “Олд Трафорд“но треба да се каже дека во еден момент на мечот беше 1:2 за гостите, за да потоа со двата гола на Бруно Фернадеш и Хојлунд сепак победија.

Борнмут како гостин славеше кај Вулверхемптон со 0:1, додека Кристал Палас со 2:0 како домаќин го совлада Кристал Палас.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата