Инзаги: Жалиме за нашите навивачи!

5.05.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Инзаги: Жалиме за нашите навивачи!

Интер го доживеа првиот пораз по 29 натпревари во Серија А. Нероаѕурите загубија со 1-0 на гостувањето кај Сасуоло, а главниот тренер Симоне Инзаги призна дека перформансите на тимот биле далеку од вообичаените стандарди.

„Почнавме бавно и нашиот пристап не беше исправен. По примениот гол се активиравме и заслуживме да израмниме. Се обидовме да ја промениме ситуацијата на теренот со различни системи. Вклучивме повеќе напаѓачи, но не создадовме доволно шанси.

Требаше да направиме повеќе. Жалиме што не можевме да ги задоволиме навивачите кои беа со нас“, изјави тренерот на Интер.

Тој додаде дека домашниот тим играл многу повеќе со срце.

„Постигнавме по еден гол на 42 последователни натпревари, но Сасуоло добро се бранеше и мораме да му оддадеме заслуга на противникот. Огорчен сум поради резултатот, но домашните играа со многу срце и не можеме да не го признаеме тоа“, додаде Инзаги.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата