Еве кога Бразил ќе може да смета на Нејмар!

6.06.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Еве кога Бразил ќе може да смета на Нејмар!
FOTO: Confederação Brasileira de Futebol/FB

На барање на јавноста во Бразил, селекторот Карло Анчелоти сепак му испрати повик на Нејмар за СП. Проблемот е во тоа што тој во меѓувреме се повреди, ама сепак остана на списоко на Дон Карло.

По ова се поставува кога Бразил ќе може да смета на својата мега – ѕвезда. Селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, изјави дека закрепнувањето на Нејмар напредува добро и дека тој би можел да се приклучи на тимските тренинзи веќе следната недела.
Нејмар (34) се мачи со повреда на листот на десната нога, но се очекува да биде подготвен најдоцна за вториот натпревар на Светското првенство.
„Неговата ситуација е сосема јасна, тој одлично ја врши индивидуалната работа. Ќе му биде направена магнетна резонанца и ако сè оди добро, ќе се приклучи на тимските тренинзи следната недела“, рече италијанскиот стручњак на прес-конференцијата.
Бразил ќе го игра својот прв натпревар на Светското првенство на 14 јуни против Мароко, а вториот на 20 јуни против Хаити.
Последниот натпревар во Групата Ц, Бразил ќе го игра против Шкотска на 26 јуни.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата