За прв пат во својата историја, фудбалската репрезентација на Украина има странски селектор. Тоа е искусниот стратег Андреа Малдреа.
Тој пак пристигнува на местото на легендарниот Сергеј Ребров кој што замина по неуспешниот обид Украина да ја одведе на Мундијалот во САД, Мексико и Канада.
Мора да се напомене дека Малдреа пет години беше помошник на Андриј Шевченко кога легендата на украинскиот фудбал беше селектор од 2016 до 2021.
Овој стручњак има искуство и како помошник на Роберто Де Зерби во екипите на Брајтон односно Олимпик Марсеј.

