Конте завршува во Наполи и се враќа таму каде што му припаѓа срцето

19.05.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Конте завршува во Наполи и се враќа таму каде што му припаѓа срцето

Трофејниот италијански тренер Антонио Конте не успеа да го одбрани Скудетото со Наполи, што покрај прилично турбулентната сезона, обележана со скандал по есенскиот пораз од Болоња и недостатокот на авторитет во случајот со Ромело Лукаку, влијаеше врз преиспитувањето на неговата иднина во клубот.

Најрелевантните италијански новинари како Фабрицио Романо и Џанлука Ди Марси објавија дека по неодамнешната средба со претседателот Антонио Де Лаурентис, стручњакот од Апулија сега е поблиску до заминување, и покрај фактот дека има договор и за следната сезона.

Ди Марсио истакна дека Маурицио Сара е поблиску до враќање во „Марадона“ во случај на разделба со Конте, додека Антонио конечно би можел да се врати во Јувентус, клубот каде што остави најдлабок белег како играч и каде што имаше успех како тренер.

Тврдењето дека тој повторно ќе биде во редовите на торинскиот гигант од лето ќе има уште поголема смисла ако „старата дама“ не се квалификува за Лигата на шампионите во последното коло, што не е далеку од реалноста по шлаканицата од Фиорентина во неделата.

Вреди да се потсетиме дека Конте не постигна добар резултат во Лигата на шампионите со Наполи, што е уште еден минус во очите на Де Лаурентис.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата