ВМРО-ДПМНЕ: Доколку приоритет му беше Македонија, Заев порано требаше да распише предвремени парламентарни избори

19.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ВМРО-ДПМНЕ: Доколку приоритет му беше Македонија, Заев порано требаше да распише предвремени парламентарни избори

Погрешните политики на Зоран Заев ја доведоа Република Македонија во погрешна насока. Многу порано Зоран Заев требаше да распише предвремени парламентарни избори доколку приоритет му беше Македонија и граѓаните, а не личното богатење.
Добро е што го призна поразот и и што на регуларни и демократски избори ќе се стави крај на неговото криминално владеење. Казната од народот ќе биде испорачана. Крајот на Зоран Заев се повеќе се ближи.
Обнова на Република Македонија ќе започне со заминувањето на Зоран Заев во политичка пензија, се вели во соопштението од Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата