Уапсен мажот кој со нож си ја нападна сопругата среде Куманово

19.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Уапсен мажот кој со нож си ја нападна сопругата среде Куманово

Кумановец ја нападнал сопругата на плоштадот во Куманово, по што бил уапсен од полицијата.

„На 18.10.2019 во 18.45 часот во Куманово бил лишен од слобода С.Т.(45) од село Речица, кумановско, затоа што со остар предмет на плоштад „Маршал Тито” ја нападнал сопругата Л.Т.(43) од с.Речица, кумановско, со која не живееле заедно и претходно имале расправии, но по интервенција на полициски службеник бил спречен во намерата. С.Т. и претходно ја нападнал Л.Т. во домот“ стои во соопштение од МВР.

По целосно документирање на случајот, против С.Т. ќе следува соодветен поднесок.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата