Аџиоски: Колку датуми ќе поминат, а вие да сфатите дека ја обезличивте Република Македонија

19.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Аџиоски: Колку датуми ќе поминат, а вие да сфатите дека ја обезличивте Република Македонија

Денес, СДСМ без нималку совест ги повикува стружани да дадат придонес за подобро утре и ја бараат нивната поддршка.
Но, за што, придонес и поддршка?
За вашето гордо поведување на Република Македонија кон пропаст?!

За националното предавство и обезличување на Македонецот, за губењето на нашиот идентитет, за погазувањето на достоинството на граѓаните? За тоа ли ја барате поддршката од стружани? Колку датуми ќе поминат, а вие да сфатите дека ја обезличивте Република Македонија, го посрамотивте македонскиот народ и упорно тонете во вашите лаги, а ни датум добивме, ниту ќе го добиеме!

До гуша сте преплавени во криминал и корупција, и тоа од прв до последен во вашата влада. За што барате поддршка, за рекетираните, за угнетените, за понижените граѓани или пак, за истрауматизираните невакцинирани првачиња , на кои не им беше дозволено да влезат во училишните клупи?!
Господа, за сево ова ќе одговарате!
За национално предавство простување нема, а народот ќе ви пресуди!

Единствено што направивте е тоа, што ни го зацврстивте единството и желбата за спас на Република Македонија. Борбата нема да запре, ќе и го вратиме достоинството на нашата татковина! Зошто ВМРО-ДПМНЕ е народот, а тој е секогаш на браникот на татковината.

А вашиот прав пат е СЛЕПА УЛИЦА!
Од своето постоење, па досега, Македонија никогаш не била на толку погрешен и понеизвесен пат како сега и токму затоа, единствен излез за вас е ОСТАВКА, сега и веднаш!
Следува Обнова на Македонија затоа што сите ние заслужуваме подобра иднина, затоа што сакаме Република Македонија да биде напредна и просперитетна!

Прес-конференција на Мирче Аџиоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, ОК-Струга

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата