#ЗЗаминува

19.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
#ЗЗаминува

#ЗЗаминува
Заев си заминува, ова му се последните недели/месеци на премиерското столче. Со него си заминуваат и Рашковски, Кики и Фрики, Курто Дудуш, тандемот Венко Филипче и Ден Дончев, инспекторот Бујар Османи, Кочо Анѓушев, Никола Димитров, Садула Дураку, Љубе Бошковски, Вице % Заев, Васко % Ковачевски, Лидија Димова, Драгиша Милетиќ и "екипата"...
Предвремени избори ќе има! Заев никогаш не победил на парламентарни избори, а овој пат ќе биде силно поразен од народот што го излажа и разочара.
Најдобро е Заев што поскоро нека си поднесе оставка и нека одлучи дали Оливер Спасовски, или Радмила Шеќеринска или Кочо Анѓушев ќе биде 100 дена технички премиер кој ќе раководи со владата до изборите. Кога ќе се одлучи за технички премиер, ВМРО-ДПМНЕ веднаш ќе понуди соодветни кадри на чело на МВР и М.Труд, и на останатите позиции согласно законот. После ова ќе следува изборот на техничката влада која за 100 дена ќе има главна задача подготовка за избори, кои, доколку изборот на техничката влада се случи во Ноември-декември, најрано би можеле да се одржат во февруари-март 2020 година. Потоа понуда на издржани и реални изборни програми, силна уверлива изборна кампања и кандидати за пратеници. По 3 недели кампања, ден за избори. Фер и демократски. Европски. Достоинствено. Решително. Победнички!
#ЗЗаминува

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата