Цеца го жени синот во ноември! Ќе биде весело

19.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Цеца го жени синот во ноември! Ќе биде весело

Вељко Ражнатовиќ, синот на Цеца, и неговата свршеница Богдана решиле свадбената церемонија да ја закажат на 24 ноември во Белград. 

„И Цеца и Вељко ја почитуваат традицијата и обичаите, па свадбата ќе биде традиционална, српска. По невестата ќе одат во Тител, а ќе се пука и во јаболко“, открил извор близок до пејачката за српските медиуми. 

Црквената церемонија ќе се одржи во храмот Свети Сава, а на веселбата ќе има околу 500 гости. 

„За музиката ќе биде задолжен оркестарот на Александар Софронијевиќ, а за микрофон освен колегите ќе се фати и Цеца“, додал изворот и уште открил дека иако Цеца не сакала да им се меша во одлуките Вељко и Богдана постојано се советувале со неа. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата