Милошоски: Лажните политички ветувања за Шајнинг стар доживеаа ДЕБАКЛ, Заев, Османи и Димитров да си дадат оставка (ВИДЕО)

18.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Милошоски: Лажните политички ветувања за Шајнинг стар доживеаа ДЕБАКЛ, Заев, Османи и Димитров да си дадат оставка (ВИДЕО)

Разликата меѓу 2008 од Самитот на Букурешт, и денешната ситуација е во фактот дека откако Македонија беше блокирана од Грција да добие покана за членство во НАТО, во 2008 година владата на ВМРО-ДПМНЕ распиша вонредни избори и остави граѓаните да одлучат дали ќе ја дадат поддршката за тогашната актуелна власт или ќе се определат за друга опција. За вакви крупни политички процеси, мора да се прашаат граѓаните. Фактот дека вечерва овде го немаме ниту вицепремиерот Бујар Османи ниту министерот за надворешни Никола Димитров, кои заедно со Заев лани во авион го прославија датумот, покажува дека во Брисел доживеаа дебакл и треба да понесат политичка одговорност и да си поднесат оставка, порача Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ во вечерашната дебата Кликплус на ТВ21.

Милошоски порача дека политиката на Зоран Заев, лажните политички ветувања за Шајнинг стар се пропаднати и дека Македонија мора да оди на избори.

- Со сета почит за присуството на господинот Исмет Рамадани советник за НАТО на премиерот Заев, овде требаше да биде советникот кој е близок со пријатели од првиот круг на Емануел Макрон. Никој не го зне кој е човекот Љупчо Зафировски советник на премиерот за кој добивме одговор дека зема советничка плата од 1.200 евра. Тоа значи дека за 2 години, земал 60.000 евра. Да објасни кога последен пат се слушнал премиерот со Макрон, со кого е остварена средба, зошто немаше работна средба. Заев 10 месеци има “пријател Порошенко” со кого разговара по телефон, а со Макрон не се слушнал ниту еднаш. Да објасни Љупчо Зафировски зошто не сме знаеле дека ни следува блокада од Франција, дали е заради правосудство, администрација, и не е важно која е причината, зошто ние немавме информација дека Франција е децидно решена дека не сме подготвени да добиеме датум за почеток на преговорите.

- Не е важно што мислат политичарите, граѓаните треба да кажат дали ќе дадат поддршка на Зоран Заев, Бујар Османи, Никола Димитров, Шеќеринска, Зафировски, Љубе Бошковски, Исмет Рамадани кои потоа можат да продолжат со истата или модофицирана политика или ќе го дадат мандатот на друга партија.

Милошоски смета дека премиерот Зоран Заев нема да се откаже од премиерската функција, поради бизнис интересите на неговото семејство, што му е единствен приоритет, наместо реалната политика.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата