Брестовац без најискусните, Македонија во Турција оди со експериментален состав

18.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Брестовац без најискусните, Македонија во Турција оди со експериментален состав

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Данило Брестовац го скрати списокот на репрезентативци за пријателските натпревари во Турција, каде што нашата репрезентација ќе одигра две средби, против домаќинот и против Италија.

За пријателските натпревари Брестовац нема да смета на искусните Кире Лазаров, Борко Ристовски, Дејан Манасков, Филип Кузмановски и Филип Талевски кои ќе се приклучат по враќањето на репрезентацијата во Скопје. 

Тие ќе бидат дел од тимот за средбите со Грузија, кои ќе се играат во Скопје, закажани за 25 и 26 октомври.

Собирот на македонските ракометари кои ќе патуваат за турскиот Ескишехир ќе биде в понеделник со почеток во 17:00 часот.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата