Било чиј палец може да го отклучи Galaxy S10

18.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Било чиј палец може да го отклучи Galaxy S10

Јужнокорејскиот гигант го призна и го објави недостатокот, кој му дозволува на било кој да го отклучи Galaxy S10. Од Samsung ветија дека со софтверска закрпа ќе го поправат овој проблем.

Овој пропуст беше забележан така што една Британка се пожалила дека нејзиниот сопруг може да го отклучи телефонот, ставајќи некоја евтина заштита преку екранот. После тоа, секоја палец може да го отклучи Galaxy S10.

Како функционира? Скенерот испраќа ултразвук за да ги открие 3Д контурите од отпечатокот од прстот и со тоа да го препознае корисникот. Кога овој уред беше претставен во септември, Samsung го опиша скенерот за отпечатоци од прст како револуционерен.

извор: USB.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата