Манчевски вели дека во Македонија живеат 2,4 милиони жители! А се иселиле 175.000

17.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Манчевски вели дека во Македонија живеат 2,4 милиони жители! А се иселиле 175.000

Според податоците кои ги добиле од дел од институците заради изготвување на Централниот регистар на население, Македонија има над 2,6 милиони државјани, од кои над 2,4 милиони се пријавени дека живеат во земјава. Во оваа бројка, како што рече Манчевски, влегуваат и околу 30 илјади странци кои имаат регулиран престој во државата; - Министерот Дамјан Манчевски на презентацијата на Регистерот. 

175.533 граѓани пријавиле дека се иселиле од земјава, според податоците кои го добило Министерството за информатичко општество и администрација при изработка на Централниот регистар на население, кажа денес министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

При презентацијата на Централниот регистар на население кој денес беше пуштен во употреба, тој кажа дека според податоците кои ги добиле од дел од институците за потребите на изготвување на Регистарот, кои ги содржат основните податоци за граѓаните, Македонија има над 2,6 милиони државјани, од кои над 2,4 милиони се пријавени дека живеат во земјава. Во оваа бројка, како што рече Манчевски, влегуваат и околу 30 илјади странци кои имаат регулиран престој во државата.

Според него, овие податоци се нецелосни и нерелевантни, бидејќи многу граѓани при напуштање на државата не пријавуваат дека се иселиле, а тука влегуваат и оние граѓани кои одат како сезонски работници во странство. Тој рече има законски пропишана казна од 500 евра доколку граѓаните не пријават дека се иселиле од земјата, но дека очекува овие бројки да се расчистат по спроведување на пописот.

Тој рече дека  институциите ќе може да ги користат овие податоци за нивните управни постапки, а граѓаните дека веќе нема да се соочуваат со проблемот да има различни податоци за нив во различни институции.

Министерот вели дека по две години работа е воведен овој систем со проектот е финансирана од Европската унија преку ИПА фондовите. Најави дека за еден месец ќе го пуштат во употреба и националниот портал е-услуги, каде граѓаните на едно место ќе можа

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата