Писонеро повеќе не е тренер на Вардар! Еве кој доаѓа на неговото место

17.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Писонеро повеќе не е тренер на Вардар! Еве кој доаѓа на неговото место

Вардар доживеа тежок пораз против Кил, за едно полувреме постигна само четири голови, беше шокантно да се гледа европскиот шампион како промашува во тие 30 минути.

Каков и да беше, тоа беше само првиот пораз на Вардар во Лигата на шампионите на кој му претходеа три победи. И не е само тренерска вина, македонскиот тим имаше игра, создаде чисти шанси за гол, едноставно ракометарите не ги реализираа, промашуваа сите, промашуваа зицери, пенали…

Како гром од ведро небо дојде информацијата дека Сергеј Самсоненко одлучил Давид Писонеро да биде симнат од тренерската позиција во Вардар, а на негово место да биде назначен Едуард Кокшаров.

Кокшаров е човек од доверба на Самсоненко, тој ја извршуваше функцијата спортски директор во Вардар и е селектор на руската репрезентација.

Писонеро ја прифатил одлуката да му биде асистент на Кокшаров. Како ќе функционира Вардар на ваков начин останува да видиме во наредните натпревари, првиот предизвик е тежок, гостување кај Веспрем во Лигата на шампионите веќе во сабота.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата