Естонија купува американски ракетни системи ХИМАРС, вредни над 200 милиони долари

3.12.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Естонија купува американски ракетни системи ХИМАРС, вредни над 200 милиони долари

Оваа балтичка држава, која се граничи со Русија, вчера финализира зделка вредна повеќе од 200 милиони долари, соопшти денеска естонскиот одбранбен инвестициски центар.

Испораката на првиот високомобилен артилериско-ракетен систем (HIMARS) е планирана за 2024 година, а договорот вклучува и ракети со дострел до 300 километри. Руската инвазија на Украина во Естонија се смета за закана за национална безбедност, што ја натера владата да ги зголеми воените трошоци во следните четири години на 2,5 отсто од нејзиниот бруто домашен производ (БДП) за да ги надгради своите вооружени сили.

И другите две балтички држави, Летонија и Литванија, имаат намера да купат ракетни системи HIMARS. Соединетите Американски Држави претходно ја снабдуваа Украина со тие системи.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата