Младен Чадиковски реизбран за претседател на Здружението на новинари на Македонија

3.12.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Младен Чадиковски реизбран за претседател на Здружението на новинари на Македонија

Младен Чадиковски во следните 4 години ќе го предводи Здружението на новинари на Македонија, пренесува OhridNews.

Чадиковски на изборното Собрание што се одржа денеска во хотелот „Александар Палас” во Скопје, доби најмногу гласови од тројцата кандидати. За него според првичните, нецелосни резултати, гласаа 229 медиумски работници, вториот кандидат Марјан Николовски освои 85 гласови, третиот Фиљана Кока 40.

На Чадиковски ова му е втор мандат на чело на ЗНМ.

Претходно кандидатите ги изложија своите програми, осврнувајќи се на главните цели, посочувајќи ги подобрувањето на статусот, стандардот и безбедноста на новинарите и медиумските работници како приоритет.

На изборното Собрание на ЗНМ присуствуваа 456 медиумски работници, најмногу до сега.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата