Димитриевски дециден: Не постои заедничка историја со Бугарија, да бев пратеник НЕ БИ ГЛАСАЛ за уставните измени

3.12.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Димитриевски дециден: Не постои заедничка историја со Бугарија, да бев пратеник НЕ БИ ГЛАСАЛ за уставните измени

Потребно ќе биде да ги повлечеме националните црвени на државата, а со тоа и да го обединиме македонскиот блок и да потпишеме стратешки документ без да се гази по нашиот национален идентитет, нагласува градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски.

Тој во интервјуто за „Република“ вели дека Македонија треба да влезе во ЕУ, но со крената глава и со признаен јазик и идентитет и култура.

Не постои заедничка историја со Бугарија. Постои посебна историја која можеби во одредени моменти се судира во делот на интересите и како се толкува. Секој нека си ја чита својата историја, заемно да се почитуваме, да градиме добрососедски односи со соседите, и со другите развиени држави и да одиме напред.

Тој нема дилеми дека ако беше пратеник, немаше да гласа за уставни измени.

Иницијативата за референдум би ја поддржал. Ако дојде до референдум, апсолутно ќе излезам и ќе се произнесам. Сметам дека е недозволиво да се менува генезата на македонскиот народ за да се членува за да се членува во одредена асоцијација, па макар тоа да е ЕУ. Иако гледаме дека сме под постојан притисок, т.е убедување, никој директно на нас не врши притисок, но доаѓаат разни авторитети од ЕУ кои нѐ убедуваат и ни го гарантираат македонскиот јазик, а всушност македонскиот јазик и прашањето за јазикот се отвора во делот од преговорите како последно поглавје.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата