Административците со 15% ПОВИСОКА ПЛАТА – Изгласан амндаманот на ССМ

3.12.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Административците со 15% ПОВИСОКА ПЛАТА – Изгласан амндаманот на ССМ

Вчера на Комисијата за финансирање и буџет со мнозинство гласови, се изгласа амандманот кој беше предложен од ССМ, а поднесен од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за зголемување на платите на администрацијата за 15%.

Како што велат, Сојузот на синдикатите на Македонија до сите пратеници доставил предлог барање со предлог платите на сите вработени во јавен сектор да се зголемат за најмалку 15%.

Половина од битката е добиена, сега преостанува амандманот да се потврди од уште една собраниска комисија, Законодавно-правната комисија, велат од ССМ.

Од ССМ ги повикуваат сите пратеници да се одважат и „да добие зелено светло амандманот и од законодавно правната комисија и сите вработени во администрацијата да добијат 15% покачување на нивните плати”.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата