КАДЕ Е БАЛКАН? Словенците велат таму ПОДОЛЕ, Грците тврдат – ПОГОРЕ ОД НИВ…

14.08.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
КАДЕ Е БАЛКАН? Словенците велат таму ПОДОЛЕ, Грците тврдат – ПОГОРЕ ОД НИВ…

Виралните видеа на TikTok ја освојуваат публиката ширум светот, како што е можно да се претвори една стара песна во најслушаниот хит во 2022 година, така и видеото на познатиот историчар Славој Жижек го привлече вниманието на Балканот.

Славој Жижек е словенечки филозоф, културен критичар и теоретски психоаналитичар. Тој е познат по неговата интерпретација и надградба на теоријата за психоанализа на Жак Лакан, која ја применил во поп-културата и социологијата. Тој е класифициран како филозоф на постструктурализмот и припаѓа на групата мислители инспирирани од марксизмот.

Овој историчар објави видео на Јутјуб во кое објаснува каде е Балканот и како различните народи во Европа го доживуваат. Клип од видеото стана вирален на TikTok каде корисниците имаа многу позитивни реакции на неговата теорија.

Своето видео го започна со прашањето: „Па каде е Балканот, ова е стара дилема, ајде да ја истражиме целата теорија“.

„Овде ја имаме Словенија и сите ќе ви кажат дека е таму долу, пониско (покажувајќи на делот после границата). Ако прашате Хрват каде е Балканот, тој ќе ви каже дека тие се Централна Европа и католици, а Белград, Србија и православна вероисповед е Балканот.Ако го прашаш Србинот ќе ти каже дека некаде Сараево Косово е вистинскиот Балкан.Сепак иронијата е што ако одиш уште подолу наеднаш Балканот се крева. Во Грција ќе ви кажат: „Ние Грците, водиме потекло од Европа, овде горе се балканските планини.

Ако прашате Австриец, каде е Балканот? Ќе рече Словенија, од таму почнува Балканот, примитивци. Ако прашаш Германец, па Австрија, имаа империја, веќе се измешаа со сите, беа балканизирани. Французите ќе ви кажат, па Германија, темни, фашисти… И на крајот, Британците ќе ви кажат дека цела Европа денес е големиот Балкан, но со бриселската бирократија во новиот Истанбул и дека Британците се единствените посебни“, вели Жижек во своето видео.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата