МАКСИМ: На власта ќе и се случи народ!

3.07.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
МАКСИМ: На власта ќе и се случи народ!

Во вечерашното гостување на дневникот на телевизија Сител, актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски беше запрашан какви ќе бидат според него последиците, доколку Владата одлучи да го прифати францускиот предлог и земајќи предвид дека и според претседателот на државата предлогот е прифатлив.

Димитриевски заклучил дека по одржаната прес конференција на претседателот Стево Пендаровски и изјавите што ги дал за медиумите, одговорите се усогласени со ставовите на Владата.

„Повеќе од јасно е дека постои взаемен договор подолг временски период, бидејќи претседателот и членовите на Владата играат добар и лош полицаец. Пред 7 дена, Пендаровски испрати молскавични, популистички пораки кон премиерот, за денеска да бидат целосно усогласени. Но, ќе им се случи народот, власта ќе биде на стаклени нозе и неодржлива и ќе падне. Ќе се смени, ќе дојде нова политичка елита која што ќе продолжи да ја води државата“ истакна градоначалникот на Куманово.

Во однос на прашањето за македонскиот јазик, Димитриевски беше дециден.

„Сите велат дека гарантиран е јазик во Европската Унија, тоа го потврдија денеска и премиерот и претседателот, а тоа е поглавје број 34 и тогаш за отвора прашањето за јазикот и кога ќе се затвори поглавјето 34, дури тогаш, во тој момент, Европаската Унија го гарантира јазикот“ – посочи тој.

Градоначалникот, исто така порача дека треба многу помалку да манипулираме и да бидеме поискрени и поотворени со граѓаните.

Фото: ФБ

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата