(ФОТОГАЛЕРИЈА) ВАКА СЕ САКА МАКЕДОНИЈА: Илјадници граѓани порачаа – Туѓо не сакаме, свое не даваме!

3.07.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(ФОТОГАЛЕРИЈА) ВАКА СЕ САКА МАКЕДОНИЈА: Илјадници граѓани порачаа – Туѓо не сакаме, свое не даваме!

На вечершниот протестот пред Владата, на кој присуствуваа илјадници граѓани, новинари, јавни личности, уметници, политичари, едногласно беше испратена пораката „УЛТИМАТУМ – Не благодарам“.

Според учесниците, негирањето на правото на самоопределување и условувањето на македонските европски интеграции со прифаќањето еднострано бришење на културната и историската посебност и еднострано непризнавање на јазикот, не е дел од критериумите за членство во ЕУ ниту правило меѓу државите членки.

Вечерва дел од граѓаните, незадоволни од францускиот предлог, ќе останат пред Владата, а за утре протестот повторно е закажан за во 19 часот.















 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата