Моментално најбарана професија: ФАЛАТ 80.000 „КЛУЧОТ“ Е ВО МЛАДИТЕ

20.10.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Моментално најбарана професија: ФАЛАТ 80.000 „КЛУЧОТ“ Е ВО МЛАДИТЕ

Синџирите за снабдување се сериозно нарушени, поради различни фактори, а возачи на камиони нема „ниту за лек“

Со месеци, особено во Европа и Обединетото Кралство, компаниите се жалат од недостаток на професионални возачи на камиони, благодарение на кои стоката се транспортира и стигнува до продавниците, односно до крајните клиенти.

Меѓутоа, пандемијата сериозно ги разниша синџирите на снабдување, а во моментов недостасуваат дури 80.000 возачи на камиони. Од друга страна, без разлика колку тие се барани,  не само што нема доволно туку се помалку луѓе се одлучуваат тоа да го работат.

Камионската индустрија со сегашен дефицит на возачи бележи рекорд, изјави Крис Спер, претседател и извршен директор на Американските камионџиски асоцијации, за Си -Ен -Ен.

Односно, се додава, зголемување од 30% во споредба со периодот пред пандемијата, кога индустријата веќе се соочуваше со недостаток на работна сила од 61.500 возачи. Спер вели дека тоа е „прилично голем скок“ и дека многу возачи се пензионираат, т.е. ја напуштаат индустријата.

Од друга страна, зголемената побарувачка на потрошувачите, исто така, игра голема улога во недостатокот на возачи на камиони. Ова се случува во време кога американските пристаништа се во хаос – првенствено затоа што има малку камиони и возачи – што доведува до забавување на синџирите на снабдување.

Претседателот на САД, Џо Бајден, нареди пристаништата во Лос Анџелес и Лонг Бич да се префрлат на работа 24 часа на ден. Сепак, тие се уште не можат да работат нон-стоп, бидејќи увозниците немаат доволно возачи кои би можеле постојано да пренесуваат стока.

– Возачите на камиони превезуваат 71% од стоката во американската економија, но тие претставуваат само 4% од возилата на патиштата – вели Спер, додавајќи дека до 2030 година, дури 160.000 возачи во оваа индустрија ќе недостасуваат, ако нешто не се преземе. Тој наведува дека во следните десет години, според проценките на Здружението, ќе има потреба од 1.000.000 нови возачи.

Двопартискиот закон за инфраструктура на САД што чека акција во Конгресот ќе одобри стотици милијарди долари превоз, што ќе вклучува развој на работната сила за камионската индустрија. Ова ќе им овозможи на 3.000 возачи, на возраст меѓу 18 и 20 години, да поминат обука. Во моментов, возачите мора да имаат 21 година. Спер верува дека помладите возачи се клучниот одговор за недостатокот на работна сила.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата