Ќерката на супермоделот Хајди Клум, Лени Клум (17), се фотографираше за списанието Rollacoaster. На фотографијата, таа само ги покрива градите со раката, што ја вознемири јавноста бидејќи таа се уште е малолетна.
Таа ја објави фотографијата од снимањето на својот Инстаграм профил со милион следбеници, а фотографијата наскоро собра над шест илјади коментари од загрижени следбеници.
– Дали е ова легално? Има само 17 години – напиша една следбеничка под фотографијата.
– Девојче, нели си малолетна? Кој ти дозволил да правиш вакви работи? Каде е мајка ти? ја прозваа Хајди.
Патем, многумина беа изненадени кога го видоа неодамнешното појавување на Лени Клум на модната сцена. Таа дури и ја нема потребната висина, која е поставена како стандард за работа на манекенка, а многумина се согласуваат дека таа никогаш не би се приближила до модната писта ако не е нејзината мајка Хајди.