Драма во Љубљана: Ракометарка на Крим двапати во 20 секунди паѓаше во бессознание

18.10.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Драма во Љубљана: Ракометарка на Крим двапати во 20 секунди паѓаше во бессознание

Вистинската драма се одигра во Љубљана, на ракометниот натпревар од Лигата на шампионките меѓу Крим и Мец вчера. Имено, гостите славеа со гол во последните секунди 29-28, сето ова падна во сенка на моментот кога француската ракометарка од домашниот тим,  Осеан Серсиен-Уголин, се урна на паркетот.

Кога започна последниот поздрав, Уголин за првпат падна на подот, стана со помош на медицинската служба, а потоа 20 секунди подоцна, повторно се струполи околу центарот на игралиштето. Околу неа се собраа девојките од двата тима, и го извадија јазикот од устата и продолжија да помагаат.

Уголин подоцна беше префрлена во болница и е во стабилна состојба.

„Осеан е подобро, се освести. Таа е во добри раце“, изјави нејзината сонародничка и соиграч Алисон Пино.

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата