Купувањето или уредувањето на стан или куќа е една од најголемите финансиски одлуки во животот на секоја личност и затоа е многу важно да бидете добро информирани доколку решите да го направите ова со финансиска поддршка во форма на станбен кредит.
Освен достапноста на кредитот, најчестите прашања и дилеми на граѓаните се однесуваат на отплатата – висината на каматната стапка, дали таа е фиксна и за колкав период се однесува фиксната каматна стапка, условите за отплата, обезбедувањето на кредитот како и дополнителните трошоци за негова обработка.
Условите за кредит се од непроценливо значење за клиентите кога станува збор за решавање на станбеното прашање. Следејќи ги трендовите за потребите и барањата на клиентите и секогаш стремејќи се истите да бидат задоволени, Шпаркасе Банка АД Скопје ви нуди станбен кредит со екстра поволни каматни стапки:
- фиксна каматна стапка од 3,10% за првите 10 години, додека за останатиот период на отплата, кој може да биде до 30 години, каматната стапка изнесува 4% променлива стапка врзана на 6 месечен Еурибор.
- Дополнително, до 30.11.2021 година, станбениот кредит на Шпаркасе Банка АД Скопје е без административни и без нотарски трошоци.
- Максимален износ на кредитот е до 400.000 евра.
Обезбедување за кредитот
- Сопствено учество почнувајќи од 15%;
- Хипотека на стан/куќа;
- Винкулирана полиса за осигурување на имотот во корист на Банката.
Кредитот можете да го искористите за купување на недвижен имот (стан или куќа), доградба/надградба на станбен простор согласно доставен проект и дозвола за градба или за рефинансирање на станбен кредит во друга банка.
Повеќе информации за станбениот кредит на Шпаркасе Банка може да прочитате на следниот линк.