По најголемиот изборен пораз и најмал број на добиени гласови на СДСМ од осамостојувањето на Македонија, и откако ДУИ се соочи со опозиција од 80.000 гласови по само шест месеци откако опозицијата на ДУИ е формирана се шпекулира дека тие две партии би можеле да ги бојкотираат претседателските избори за - Македонија да нема претседател!
Тоа би се случило доколку на листата за избор на претседеател нема повеќе од 40% од вкупниот број гласачи во Македонија. Државата би останала без претседател само затоа што тие две партии сакаат да биде така. Дали сите останати граѓани на Македонија ќе го дозволат тоа?
Како одговор, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, упати повик за граѓанска мобилизација и активно учество во изборите. “Таква одлука би била приказ на незрелост и неодговорност кон државата од СДСМ и ДУИ“ вели Христијан Мицкоски
Тој нагласи дека ваквата акција ќе го открие приоритетот на партиите на тесните интереси пред благосостојбата и стабилноста на нацијата. Мицкоски го подвлече преовладувачкото антивладино расположение и ја истакна убедливата победа на ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг од изборите како доказ за незадоволството на јавноста.
<b>Размислување за изборната историја</b>
Повлекувајќи историски паралели, Мицкоски потсети на случаите кога ВМРО-ДПМНЕ се соочи со изборни предизвици, но избра да се вклучи во демократскиот процес достоинствено и интегритет.
Тој ги наведе минатите примери од 2019 и 2004 година кога ВМРО ДПМНЕ се соочи со пораз на нивните кандидати на претседателски избори како во случајот со Бранко Црвенковски и Сашко Кедев во вториот круг на изборите 2004 година но, не посегна по радикални мерки како бојкот на вториот круг за Црвенковски да не биде избран за претседател, потврдувајќи ја посветеноста на партијата за демократските вредности и одговорното политичко однесување, без оглед на изборните исходи.
<b>Повик за акција: Задржување на демократските вредности</b>
Во жестокиот повик за акција, Мицкоски ги повика граѓаните да им се спротистават на сите обиди за политичка принуда и да ја зачуваат демократската иднина на Македонија преку активно учество во изборниот процес.
Тој ја нагласи колективната моќ на граѓаните да изврши промени и повика на единство околу платформата за демократска обнова. Изразувајќи доверба во кандидатурата на Гордана Силјановска-Давкова.
Политичката криза која би се создала доколку државата не избере претседател би била погубна и во внатрешните и во надворешните односи на Македонија, и би создала пракса секогаш кога спротивниот кандидат има предност во вториот круг другата голема партија да повика на бојкот и претседател на државата да не се избере.
Освен тоа, повикот на ДУИ до Албанците воопшто во Макеедонија за спроведување на таков бојкот секако ќе создаде силни меѓуетнички тензии кои тешко дека некоја партија потоа може да ги контролира.