<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">Слободан
Трендафилов од ССМ во емисијата „DailyClick“ на ТВ21 ги коментираше случувањата
со работниците во Непал. Вели дека газдите случаите ги пријавувале во полиција
поради измама - затоа што им го платиле патот до тука, а потоа тие избегале во
други земји.</span>
<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">Само во текот на
овој месец газди од Охрид и Струмица,пријавија исчезнување на две, односно
четири жени од Непал во МВР.</span>
<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">„Што правиме ние?
Фирмите кои бараат работници им плаќаат пат од Непал до тука, и тие тука
остануваат 2-3 дена, и потоа заминуваат по Германија и во другиот западен свет.
Потоа се жалеа дека не можеле да ги најдат. Ние не сме робовладетелско
општество и не им ги одземаме пасошите или да ги затвораме навечер за да не
избегаат. Во Србија две имаше случаи кога буквално во кафез ги држеа
работниците од Непал, Индија и Пакистан. Случајот со Албанија требаше да биде
доволен показател дека тие не доаѓаат тука да работат, туку сме само попатна
станица за кон побогатите европски земји“, рече Трендафилов.</span>