Лидерот на
Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов изјави дека
Основниот граѓански суд Скопје донесе решение со кое ќе се повтори постапката
за Работничкиот дом по одлуката на Врховниот суд со која објектот ѝ се предава
на државата, која беше тужител. Тој изрази надеж дека до Денот на трудот, 1 Мај
постапката за Работничкиот дом за судот ќе биде приоритетна.
До 1 Мај
очекуваме приоритет на постапката и нова пресуда која ќе значи враќање на
предметот на повторно одлучување пред пониските судови, пред првостепениот и
Апелациониот суд, или укинување на пресудата на Врховниот суд и на таков начин
враќање на Работничкиот дом на работниците“, рече Трендафилов.
-На 1-ви мај, на големиот работнички протест, ќе треба да
фалиме или да бараме одговорност, порача првиот синдикалец во државата.
Одлуката на
Врховниот суд предизвика бура од незадоволство и гнев во синдикатот и меѓу
работниците затоа што, како што рече Трендафилов, работничката класа го има
изградено со свои средства и затоа што со децении тоа е дом на работниците и
симбол на нивната борба за работнички права.
Пред две недели
ССМ организираше голем протест пред Врховниот суд каде на судиите кои
одлучувале по предметот им беше даден црвен картон од работниците со оценка
дека пресудиле државата да добие нешто што не е нејзино, а со цел да се убие
работничката борба.
„Работничкиот дом
е симболот на работничкото движење на работниците и на граѓаните во Македонија.
Така било 70 години. Работничкиот дом го преживеал земјотресот во 1963 година,
ќе ја преживее и срамната одлука на Врховниот суд за негова конфискација. Работниците
од својата уста, од парчето леб издвојуваа пари во 1958 година за да го
изградат овој дом бидејќи во 1948 година одлучиле дека нема да носат одлуки на
полјани и на ливада во паркот зад работничкиот дом. Тоа што го очекуваме и го
очекуваат граѓаните во чие име е донесена пресудата од овие тројца судии е да
ја преиначат и укинат“, рече тогаш лидерот на ССМ, Слободан Трендафилов.
Тој додаде дека
никаде во демократските земји такво нешто не им се прави на синдикатите и
предупреди дека е подобро државата да не се срами пред судот во Стразбур.