Граѓаните во првиот круг ги искажаа своите желби и барања.
Тие ѝ дадоа огромна поддршка на Коалицијата „Твоја Македонија“ и на
кандидатката Гордана Силјановска Давкова, што се очекува да се потврди и
прошири, велат од Социјалистичката партија на Македонија.
СДС и Пендаровски сметаат дека тоа не е ништо и дека сега се
почнува од нула. Тие и понатаму ги потценуваат граѓаните дека забораваат за
кого се определиле и која опција ја преферираат.
СДС со лаги ги храбри членовите и неопределените да ги
поддржат и прават скриени нечесни комбинации за уште едно големо предавство кое
оваа пропадната партија им го спрема на македонските граѓани.
Граѓаните се незадоволни од предавниците, корумпираните
криминалци и лажговци кои ги осиромашија и ги понижија. СДС и ДУИ мора да бидат
казнети и да одговараат за криминалите, прадавствата и злоделата.
Бранот на гласачи за Коалицијата „Твоја Македонија“ забрзано
расте и ќе ги издигне највисоко претседателскиот кандидат и предложените
кандидати за пратеници на ниво на државна сила која ќе може да се справи со
проблемите што ги предизвикаа СДС и ДУИ.
Социјалистичката партија на Македонија укажува дека само со
масовна излезност на изборите народот ќе си ја врати државата и ќе ја направи
горда и просперитетна кон европскиот пат на раст и развој.