Прв штрајк во австралиската Еј-би-си по две децении: вработените бараат повисоки плати

25.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Прв штрајк во австралиската Еј-би-си по две децении: вработените бараат повисоки плати

Програмата, од почетокот на индустриската акција во 11 часот по локално време, беше прекината и префрлена на емитување на британскиот Би-ви-си (BBC). Штрајкот следува по едномесечни преговори со управата и откога мнозинството вработени ја одбија последната понуда за зголемување на платите од десет отсто во следните три години заедно со додаток од 1.000 австралиски долари (речиси 700 американски) за постојано вработените.

Синдикатот ја одби понудата со образложение дека е помала од стапката на инфлација и не обезбедува соодветни услови за работа.

- Вработените се одлучија на овој чекор бидејќи сакаат праведна плата, која го следи растот на трошоците за живот, вистинска сигурност на вработувањето и услови што им овозможуваат со интегритет да продолжат да ѝ служат на австралиската јавност - изјави шефицата на синдикатот, Ерин Медли.

Директорот на Еј-би-си, Хју Маркс, штрајкот го оцени како „многу несреќен“ додавајќи дека ова не е вистинско време за прекин на работата со оглед на актуелните светски случувања тврдејќи дека понудата била „чесна и разумна“. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата