Обиди да се спаси насукан кит на германскиот брег

25.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Обиди да се спаси насукан кит на германскиот брег

Стефани Грос од Институтот за истражување на копнениот и водниот див свет (ИТАВ) и Свен Партејл-Бенке, градоначалникот на заедницата Тимендорфер Бич, го објавија планот.

Најновиот обид за спасување треба да почне денеска. Пред тоа, китот, опкружен со плитка вода, беше измерен со дрон. Плажата околу местото на насукување е оградена со градежна ограда. Животното долго 10 метри е грбав кит и веројатно е млад мажјак, според „Си шеферд“ - група за заштита на морски животни.

Првичните обиди за спасување беа неуспешни. 

Убивањето на младиот грбав кит за да се поштеди од можно подолго страдање - не е опција, според раководителката на ИТАВ, Урсула Зиберт.

- Постојат меѓународни договори за тоа што може да се направи и како... Но, колку што е поголем китот, толку е потешка целата работа. Условите во околината се, исто така, неповолни, изјави Зиберт.

Германскиот океанографски музеј соопшти дека водата е премногу плитка за китот, но длабока доволно за да го прави евентуалното насочено убивање - неизводливо. Со оглед на меѓународните договори, во Германија, како и во соседните земји, има малку опции. 

До 60-тите години од 20 век грбавите китови биле ловени комерцијално и биле речиси целосно истребени во оваа област. Дел од популацијата оттогаш значително се обнови. Тоа е една од причините зошто ваквите животни сѐ повеќе се среќаваат во области каде што речиси никогаш не биле видени пред неколку десетлетија.

Се претпоставува дека овие китови можат да живеат до 90 години. Познати по своето долго и сложено китовско машко „пеење“, овие морски џинови на животинското царство се сметаат и за акробати меѓу големите видови китови. Честопати, единка може да изведе скок со спектакуларно удирање по површината на морето со својата опашка.

Грбавите китови се познати и по нивните извонредни техники на лов. Тие на пр., намерно испуштаат воздух и меурчиња кога ќе забележат јато риби - пред да ги заобиколат. Пленот не плива низ оваа „завеса“ од меурчиња и китот го проголтува чекајќи го одоздола со широко отворени усти. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата