Доколку денеска
би се одржал референдум за влез на Црна Гора во Европската унија (ЕУ), за влез
би гласале 79 отсто од граѓаните, што е за осум отсто повеќе од 2022 година.
Ова се наведува во истражувањето спроведено од 2 февруари до 4 март годинава за
потребите на Центарот за истражување на Меѓународниот републикански институт
(ИРИ).
Теренското
истражување го спроведе ИПСОС.
На референдумот
не би излегле 10 отсто од испитаниците, два помалку од 2022 година.
Три отсто од нив
немале одговор.
На прашањето дали
ЕУ е сериозна да им понуди членство на земјите од Западен Балкан, позитивно
размислуваат 59 отсто од испитаниците, додека 28 отсто сметаат дека Брисел не е
сериозен во таа намера. 13 отсто од нив немале одговор.
На прашањето
каков треба да биде надворешнополитичкиот курс на вашата земја, 36 отсто од
испитаниците одговориле дека таа треба да биде проевропска и прозападна. Од
друга страна, само три проценти би сакале курсот на Црна Гора да биде проруски.
22 отсто од нив
одговориле дека подеднакво треба да се движат кон Запад и кон Русија. 17 отсто
од нив би сакале курсот на Црна Гора да биде проруски, но и да ги одржува
односите со Европската Унија и Западот, додека 14 отсто сакаат прозападни, но и
односи со Русија. Осум отсто од нив немале одговор.
На прашањето
каков однос со НАТО алијансата е најдобар за иднината на вашата земја, 39 отсто
од испитаниците сметаат дека тоа е полноправно членство, што според податоците
од 2022 година е два отсто помалку. Од друга страна, 16 отсто сметаат дека е
најдобро да немаме никаква врска со Алијансата, четири помалку од пред две
години.
За поблиска
соработка со Алијансата, но без членство се 22 отсто од испитаниците, што е за
четири отсто повеќе од 2022 година, додека 17 отсто од нив сметаат дека треба
да има комуникација, но не и соработка, што е два отсто повеќе од два години
порано. Шест отсто од нив немале одговор.
На прашањето дали
членството во НАТО е позитивно или негативно за вашата земја, 28 отсто од
испитаниците го сметаат за многу позитивно. Од друга страна, 17 отсто од нив
сметаат дека членството е многу негативно за Црна Гора. Најголем процент од
испитаниците, 31 отсто од нив, сметаат дека членството во Алијансата е донекаде
позитивно, додека 17 отсто сметаат дека е донекаде негативно. Седум отсто од
нив немале одговор.
На прашањето која
земја ја сметате за најважен сојузник за вашата земја, 32 отсто од испитаниците
сметаат дека тоа е Србија. Додека 20 отсто ги навеле САД како најважен
сојузник. Девет отсто се определиле за Русија, шест за Турција и три за Кина. Седум
отсто од нив немале одговор.
На прашањето која
земја ја сметате за најважна закана за важна земја, 19 отсто од испитаниците ги
навеле САД, додека 17 отсто мислеле на Русија. Србија ја споменале 10 отсто од
испитаниците, Албанија осум, а Косово седум. 11 отсто од нив немале одговор.
На прашањето до
кој степен мислите дека постапките на Русија во Украина се оправдани или
неоправдани, 11 отсто сметаат дека се целосно оправдани, 44 отсто сметаат дека
не се.
20 проценти од
испитаниците се изјасниле дека е донекаде оправдано, додека 17 проценти сметаат
дека е донекаде неоправдано. Осум отсто од нив немале одговор.
На прашањето кој
е најодговорен за воениот конфликт меѓу Русија и Украина, мнозинството од
испитаниците, 34 отсто, сметаат дека тоа се двете страни. 34 отсто сметаат дека
Украина е виновна, додека 27 отсто од испитаниците ја гледаат Русија како
виновник. Од друга страна, 26 отсто од испитаниците сметаат дека Западот е
одговорен за војната во Украина.
За примерокот од
Црна Гора користени се податоци релевантни според методологијата на Институтот
за статистика на Црна Гора за 2017 година.