Американската
компанија Регулус Глобал на почетокот на неделата презеде 33 отсто од акциите
на компанијата Претис од Вогошче и малцински дел од акциите на компанијата
Бинас од Бугојно, пренесува порталот Истрага.ба.
Двете компании се
активни во наменската индустрија, односно првенствено во производството на
оружје.
Според порталот
Истрага, станува збор за акции чии формални сопственици до сега биле средства
од Босна и Херцеговина.
Регулус Глобал е
регистриран во американската сојузна држава Вирџинија и на својата веб-страница
наведува дека е специјализиран за „координирање на способностите на странските
армии и агенциите за спроведување на законот на американските сојузници со американските
колеги“, како и дека компанијата работи во повеќе од 70 земји.
Наменската
индустрија на БиХ е една од ретките гранки на економијата што станува се
посилна, а извозот на оружје во првиот квартал од оваа година е речиси три пати
поголем отколку во истиот период минатата година.
Според податоците
на Даночната управа на БиХ, во првите три месеци од годинава извозот на оружје
изнесува 92.410.727 конвертибилни марки (КМ), додека во првите три месеци од
2023 година тој изнесува 35.116.034 КМ.
Најбарани
производи од БиХ, што се однесува до наменската индустрија, се бомби, гранати,
торпеда, мини, ракети и слично оружје и нивни делови.