Сомнителни се сите околности кои довеле до ова исчезнување,
како и изјавите на блиските роднини на девојчето, кои се контрадикторни, смета
Игор Јуриќ, таткото на убиената Тијана Јуриќ, денес директор на Центарот за
исчезнати и малтретирани деца во Србија коментирајќи го случајот со
исчезнувањето на двегодишното девојче Данка Илиќ во Бањски Поле кај Бор.
Ова е многу специфичен случај, пред се поради возраста на
детето, а имајќи предвид дека детето е целосно немоќно да направи нешто
самостојно, тогаш се се сведува на околината и луѓето околу детето. Ми се чини
дека таму нема човек кој е во близина, а да не е сомнителен. Не вперувам прст
кон никого, туку објективно гледам на фактите кои се актуелни во моментот и кои
укажуваат дека сомнежот мора да постои и постои поради сите тие факти, вели тој
за „Танјуг“.
Јуриќ вели дека мотивираноста на луѓето и припадниците на
МУП на терен е показател колку сериозно се работи на случајот и колку енергија
и сила е вложена во решавањето на овој случај, но и дека при секое исчезнување
суштинско е времето, а како што тоа минува се намалува можноста детето да се
врати живо, поради што, додава, потребно е сите да се подготват за најлошите
вести.