„Важно е за сите нас во светот дипломатијата да продолжи и да се обидеме да ја завршиме оваа војна - војната на Русија против Украина. На никој не му е потребна војна. Тимовите ќе продолжат да комуницираат утре“, рече Зеленски во синоќешното видео обраќање, пренесува Укринформ.
Според него, најважно е да се разбере колку е подготвена руската страна да оди до вистинскиот крај на војната и колку се подготвени да го сторат тоа чесно и со достоинство.

