Меморандумот за разбирање, кој го потпиша и францускиот претседател Емануел Макрон, опфаќа купување на до 100 летала, соопшти Елисејската палата и додаде дека системот за противвоздушна одбрана SAMP/T исто така е вклучен во договорот.
Макрон на X напиша дека денеска е „голем ден“.
Зеленски моментално е во Франција во својата деветта посета од почетокот на руска таинвазија во февруари 2022 година.
Кон крајот на октомври, Зеленски потпиша сличен меморандум за разбирање во Шведска за купување до 150 шведски борбени авиони „Грипен“.
Киев сака да изгради воздушна флота од најмалку 250 модерни авиони, пренесе ДПА. Сепак, финансирањето на овие набавки вредни повеќе милијарди засега е нејасно.

