Ужас на автопат во Германија- пронајдени се две отсечени женски раце, се бара остатокот од телото

17.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ужас на автопат во Германија- пронајдени се две отсечени женски раце, се бара остатокот од телото

Како што објави „Билд“, една жена ноќеска забележала морничава глетка на автопатот околу 3 часот наутро и ја повикала полицијата.

Таа пријавила дека непознати предмети има на патот. Патролни возила пристигнале на споменатиот дел помеѓу раскрсницата на автопатот Олпе-Зид и излезот Фројденберг (NRV). Таму, полицајците утврдиле дека станува збор за делови од човечко тело! Автопатот бил веднаш затворен, а истражителите за убиства пристигнале на местото на пронаоѓањето.

Следело темелно пребарување на автопатот. Обвинителството сè уште не објави колку вкупно делови од телото се пронајдени. Според „Билд“, ова се отсечени раце на жена и не се резултат на сообраќајна несреќа.

Како точно деловите од телото завршиле на автопатот сè уште е нејасно. Според првичните истраги, не станува збор за несреќа. Автопатот А45 бил повторно отворен за сообраќај по неколку часа, додека истрагата за убиството е во полн ек.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата