Во Казахстан денеска референдум за нов Устав, што ќе ја зајакне моќта на претседателот

15.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во Казахстан денеска референдум за нов Устав, што ќе ја зајакне моќта на претседателот

Според предлогот, двата дома на казахстанскиот Парламент би се споиле во еден и би му дале право на претседателот да ги назначува сите владини функционери, вклучително и повторно воведување на функцијата потпретседател.

Оваа втора уставна промена за четири години ја иницираше токму претседателот Токаев, кој објаснува дека таа е неопходна за да се донесат брзи одлуки во брзо менувачкиот свет. 

Аналитичарите, меѓутоа, наведуваат дека промените би можеле да му го отворат патот на претседателот Токаев да ја задржи власта кога ќе му истече мандатот.

Токаев (72), поранешен советски функционер и казахстански дипломат кој претходно служел во Обединетите нации, во моментов го извршува ограничениот седумгодишен мандат, кој му трае до 2029 година. Аналитичарите веруваат дека Токаев би можел да го искористи референдумот за да ги „ресетира“ ограничувањата на претседателските мандати.

„Доколку транзицијата на власта не оди како што би сакал Токаев, тогаш тој би можел да каже дека со усвојувањето на новиот Устав, ограничувањето на претседателскиот мандат е ресетирано“, изјави аналитичарот Темур Умаров, кој работи во Центарот Карнеги Русија Евроазија.

„Новиот Устав би можел да му даде можност на Токаев да биде реизбран за уште еден мандат“, рече аналитичарот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата