Ова се предвидува со законските измени што ќе стапат во сила пред финалето на Лига купот меѓу Арсенал и Манчестер Сити на стадионот Вембли оваа недела.
Законските измени беа иницирани од хаотичните сцени за време на финалето на Европското првенство во јули 2021 година, кога илјадници луѓе без билети влегоа на Вембли, а властите подоцна соопштија дека десетици животи биле доведени во опасност.
Со измените во законот се предвидени петгодишна забрана за присуство на фудбалски натпревари, како и парична казна до 1.000 фунти.
„Не може некои да платат, а други не. Луѓето се во опасност и нивните животи се во опасност во такви ситуации“, соопштија британските власти.
Според Законот за нелегален влез на фудбалски натпревар, почнувајќи од недела ќе се санкционираат и секој намерен обид за влез на натпревар со фалсификувани билети, пропусници или акредитации.

