Видео: Пожар на аеродромот во Кувајт по напад со дронови

25.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Видео: Пожар на аеродромот во Кувајт по напад со дронови

- Заедно со поддршка од противпожарните единици на армијата, Националната гарда и нафтениот сектор, се справуваме со пожар во резервоар за гориво на аеродромот во Кувајт, кој беше цел на непријателски дронови – изјави бригадниот генерал Мохамед Ал-Гариб во изјавата што ја пренесе новинската агенција на Кувајт.

За време на прес-конференција, тој потврди дека „се справуваат со четири пожари на различни локации кои избувнале како резултат на паѓање на шрапнели“, пренесе „Зл џезира“.

Ал-Гариб исто така рече дека во земјата се случиле 82 вакви инциденти „од почетокот на грешната иранска агресија“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата