Венс: Примирјето со Иран се одржува, претседателот Трамп сака сеопфатен договор со Иран

15.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Венс: Примирјето со Иран се одржува, претседателот Трамп сака сеопфатен договор со Иран

„Во моментов примирјето се почитува“, изјави Венс додавајќи дека разговорите меѓу двете земји одржани викендот во Пакистан донеле „значителен напредок“, но оти целосен договор не бил постигнат поради инсистирањата на Вашингтон Иран да не поседува нуклеарно оружје.

Венс нагласи дека Иран не смее да поддржува тероризам и оти целта на САД е договор што ќе овозможи интеграција на Иран во глобалната економија.

Во меѓувреме, телевизијата „Си-Ен-Ен“, повикувајќи се на извори запознаени со разговорите, објави дека Венс би можел да ја предводи американската делегација на евентуална втора рунда преговори. Според истите информации, во разговорите би можеле да учествуваат и специјалниот пратеник Стив Виткоф и зетот на Трамп, Џаред Кушнер.

Примирјето истекува следната недела, а како можен датум за нова рунда разговори се споменува четврток. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата