- Наскоро ќе дознаете. Разговараме со Куба и набргу ќе се знаат деталите, одговори Трамп на новинарско прашање за природата на договорот што Вашингтон го бара од Хавана.
Трамп, исто така, најави дека е можно во одреден момент да се сретне со привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, која во моментов ги извршува претседателските функции по падот на Мадуро. Од своја страна, Родригез порача дека нејзината влада мора да ја задржи политичката власт со цел да ја заштити стабилноста на земјата.
САД претходно порачаа дека по падот на режимот на Мадуро, Куба повеќе нема да добива нафта и финансиска помош од Венецуела, повикувајќи ги властите во Хавана на брз договор со Вашингтон.

