Ванг Ји: Кина повикува на итен прекин на огнот на Блискиот Исток

8.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ванг Ји: Кина повикува на итен прекин на огнот на Блискиот Исток

Говорејќи во кулоарите на годишната сесија на Секинеското собрание на народни претставници (парламентот), тој истакна дека проблемите не се решаваат со сила и дека оружјето само раѓа нова омраза.

Од друга страна, кинескиот министер забележа дека односите меѓу Кина и Русија остануваат „цврсти како карпа“ и покрај сите меѓународни притисоци. Според неговите зборови, Пекинг отсекогаш бил столб на регионалната безбедност и застапник на заедничките вредности на азиските држави.

По повод претстојната посета на американскиот претседател Доналд Трамп на Кина кон крајот на овој месец, Ванг Ји порача дека е од стратешка важност за САД да соработуваат и да се движат во иста насока со Кина.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата