„Според информациите што ги имам, имало индиректни контакти и се направени подготовки за директна средба“, која би можела наскоро да се одржи во Пакистан, изјави Вадефул.
Според него, се чини дека почетните позиции на Вашингтон и Техеран веќе се разменети писмено преку посредници, објави списанието „Дер Шпигел“.
„Ова е позитивен знак“, коментираше Вадефул и ја нагласи важноста на самиот факт што двете страни во конфликтот разговараат.

